ЕУРИСК е компанија формирана со цел да им овозможи на своите клиенти вискоквалитетни консултантски и правни услуги. Тимот на компанијата има за цел да ги советува физичките и правните лица за време на нивниот деловен напредок. Компанијата Ви обезбедува целосни правни услуги, а исто така нуди правно советување за развојот на индивидуални бизнис проекти. Свесни сме дека во денешно време советувањето корпоративни бизнис клиенти не значи само поседување на соодветно правно знаење и комуникациски способности, туку и проучување на бизнис заедницата во која тие делуваат. Токму за постигнување на оваа намера, тимот на ЕУРИСК со идеја за овозможување комплетни и висококвалитетни услуги на своите клиенти, има за цел да го проучи Вашето специфично прашање.
Поради тоа, нашите стручни советници се дипломирани правници и финансиски менаџери, кои покрај одличното владеење со странските јазици имаат дополнителни специјализиции, усовршувања и образование од областа на финанскиска економија и менаџирање со бизнис проекти.
Правното советување/правниот консалтинг се разликува од другите правни фирми и компании главно во тоа што овозможува иновативен и различен метод на правни услуги. Нудиме разновидни услуги за правна помош, услуги за помош на правни предмети согласно потребите на клиентот.
Услугите за правна помош, помошта за правни предмети што Ви ги овозможуваме не се само стручни и доверливи, туку се и од пошироко значење.
Овие услуги ги овозможуваме според буџетската проценка на клиентите. Нашите услуги вклучуваат темелни анализи на секој предмет со минимална вклученост на клиентите. Резултатот на таа активност е временски и финансиски реален; што е од голема важност за бизнисот на нашите клиенти.
Во текот на работата, задолжителна обврска на ЕУРИСК тимот е целосно, постојано и строго почитување на принципите за доверба и тајност.