Граѓански предмети, заштита на потрошувачите
Нашето долгогодишно искуство во оваа дејност ни помогна да овозможиме висококвалитетно советување во сите сфери од граѓанското право и правата на потрошувачот. Сите овие услуги се важни за оние кои бараат дополнителни информации во врска со имотните несогласувања, спорови, разводни парници, финансиски спорови, измами и друго. Освен тоа, нашите услуги имаат за цел да обезбедат краен резултат во корист на нашите клиенти.
Кривични и Управни предмети
Нашето долгогодишно искуство во овие области на правото ни овозможува да обезбедиме високостручни правни совети кога станува збор за предмети од областа на Кривичното право, вклучително и кривичните постапки, како и од областа на Управното право, постапки и спорови. Сите овие услуги се важни за оние кои бараат дополнителни информации за надлежностите на институциите, за домашното и меѓународното право во овие сфери, за текот и правилноста на постапките и начинот на кој тие се водени од страна на институциите, за крајниот исход и правните лекови, за постапки пред меќународните судови, за имотни побарувања, извршувања и друго
Задоволството на нашите клиенти е евидентно затоа што нашите услуги имаат за цел да обезбедат резултат во корист на клиентите.